Ерменија подготвена да ги нормализира односите со Турција без предуслови

53

Новиот ерменски премиер Никол Пашинјан изјави дека е подготвен да воспостави дипломатски односи со Турција без никакви предуслови.

Двете земји имаат долгорочно нарушени односи поради ерменското инсистирање Турција да признае дека извршила геноцид врз ерменското население во Првата светска војна.

Двете земји постигнаа договор за нормализирање на дипломатските односи во 2009 година, но договорот не беше ратификуван од парламентите, за набргу потоа Ерменија да соопшти дека се повлекува од него.

Пашинјан ја повика Турција да биде отворена границата меѓу двете земји, велејќи дека од ерменска страна границата е отворена.

Границата меѓу двете земји е затворена од 1993 година, кога Турција ја затвори во знак на поддршка на Азербејџан, за време на судирите околу областа Нагорно Карабак.