Ердоган: Операцијата во Сирија ќе трае додека не биде надмината заканата

136

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, оствари телефонски разговор со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Ердоган во телефонскиот разговор со Џонсон ја претставил целта на операцијата „Извор на мирот“. Турскиот претседател нагласил дека оваа операција ќе продолжи сѐ до целосно елиминирање на терористичката закана на ПКК/ЈПГ и ДЕАШ во северниот дел на Сирија.

Ердоган рече дека на овој начин на Сиријците кои биле принудени да ги напуштат своите домови ќе им се овозоможи на доброволен и безбеден начин да се вратат во своите домови.

Британскиот премиер за време на телефонскиот разговор го повикал Ердоган да ја запре воената операција во Сирија и истакнал дека Велика Британија и другите земји се подготвени да ги поддржат разговорите за прекин на огнот.

На 9 октомври Ердоган го објави започнувањето на операцијата „Извор на мирот“ во Северна Сирија против ПКК и терористичката група ИД.