Ердоган: Апсолутно ќе ја завршиме работата која ја почнавме

115

Одлучни сме да ја продолжиме операцијата до крај, и покрај заканите. Ова го изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Баку, по најавите од Европската Унија за забрана за извоз на оружје во Турција.

– Апсолутно ќе ја завршиме работата која ја почнавме – истакна Ердоган и додаде дека борбата ќе продолжи се до конечната победа.

Турскиот претседател, во својот говор ги осуди ЕУ и Арапската лига поради нивните критики за турската акција и побара меѓународни средства за плановите на Анкара за создавање „безбедносни зони“ во североисточниот дел на Сирија.