Епл прва компанија во светот со пазарна вредност од илјада милијарди долари

123

Епл стана првата компанија во светот чија пазарна вредност достигна илјада милијарди долари.

Акциите на компанијата на њујоршката берза вчера изнесуваа 201,5 долари, а денеска пораснаа за 2,75 отсто и достигнаа рекордни 207,05 долари.

Вкупната вредност на компанијата Епл со ова надмина илјада милијарди долари, што досега не и успеа на ниту една компанија во светот.

Порастот на пазарната вредност на компанијата се случи два дена откако челниците на овој технолошки гигант соопштија дека оствариле зголемување на приходите кое ги надминува сите очекувања.