Епл: Нашите уреди не ги прислушуваат корисниците

58

Во писмо адресирано до републиканскиот претставник на Орегон, Грег Волден, Епл експлицитно потврди дека нивните уреди не снимаат никаков звук без знаење и дозвола на корисникот, туку само следат гласовни команди како „Еј, Сири!“

Исто така „Сири“ не споделува никаков говор од корисниците, а што се однесува до други апликации, тие прво треба да побараат дозвола и треба јасно да индицираат дека го слушаат и снимаат вашиот глас.

Писмото е испратено како одговор на барање од страна на Волден и негови истомисленици кон извршните директори на Епл и Гугл (Алфабет) – Тим Кук и Лери Пејџ, поради гласините дека смартфоните можат тајно да снимаат говор на луѓе кои се наоѓаат во опсегот на нивните микрофони.

Републиканците се задоволни од кооперативноста на двете компании и претстои да ги анализираат нивните одговори, како и да размислат пред да соопштат кои се нивните следни мерки.