Емиратите ја испратија првата ракета во мисија на Марс

50

Обединетите Арапски Емирати денеска ја лансираа својата прва мисија на Марс од космодромот во Јапонија со помош на јапонска ракета, што е прва меѓупланетарна мисија на арапска земја, пренесува веб-страницата „Спејсфлајт нау“.

Лансирањето на ракетата наречена „Хоуп“ или „Ал Амал“ од вселенскиот центар „Танегашима“, на мал остров на југот на Јапонија, првично беше планирано за минатата среда, но беше одложено поради лошите временски услови.

Ракетата на својата седуммесечно патување ќе носи инструменти за проучување на горното ниво на атмосферата и следење на климатските промени на Марс, а околу оваа планета треба да кружи најмалку две години.

Сондата носи дигитална камера за снимање на површината на Марсија, песочните невремиња и ледените облацикако  и спектрометри за мерење на состојките на повеќе нивоа од атмосферата на планетата.

Обединетите Арапски Емирати наведуваат дека на овој начин, за првпат, ќе може да се добие целосен увид во атмосферата на Марс во различни периоди.

– Мисијата на ОАЕ чини 200 милиони долари. Станува збор за меторолошки сателит и тоа е единствената цел на мисијата. Сакаме да утврдиме каква улога игра времето на Марс во атмосферската загуба, тоа е другиот дел од мисијата – рече водечкиот научник во мисијата и министер за напредни науки, Сара ал-Амири.

Обединетите Арапски Емири досега лансираа три набљудувачки сателити, но ниту еден не излегол од орбитата на Земјата.

Јапонија има своја мисија на Марс, која е планирана за 2024 година.