Ел Салвадор нареди на дипломатите од Венецуела да ја напуштат земјата

310

Ел Салвадор им нареди на дипломатите oд Венецуела да ја напуштат државата за 48 часа, соопштија властите.

Како што се наведува, одлука е во согласност со нивната позиција дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро е нелегитимен.

Во соопштението се нагласува дека тие го признаваат лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо како привремен претседател до одржување на предвремени избори во таа држава.