Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

85

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите, прекинот на електрична енергија погодил и делови од Бразил и Парагвај.

Како што пренесуваат аргентинските медиуми, прекинот на струјата се случил во 7.00 часот по локално време, предизвикувајќи запирање на возовите и проблеми со сообраќајната сигнализација.

Инцидентот се случи во моменти кога луѓето се подготвувале да одат на избирачките места, за локалните избори. 48 милиони луѓе од Аргентина и Уругвај останаа без струја.