ЕК: Јункер нема да поднесе оставка од функцијата

41

Портпарол на Европската комисија изјави дека претседателот на институцијата Жан-Клод Јункер планира до крај да го одработи мандатот кој му истекува на есен следната година, додека Јункер претходно изјави дека нема да го продолжува.

– Јункер беше поддржан од големо мнозинство во Европскиот парламент, од Европскиот совет. Неговата изборна програма беше поткрепена на избори, ќе продолжиме до крај – рече портпаролот одговарајќи на прашање дали Јункер ќе се повлече, како што повикаа претставниците на австриското претседателство на ЕУ.

Повиците за оставка на Јункер дојдоа кон крајот на минатата недела откако тој едвај стоеше на нозе на официјалната вечера на лидерите на НАТО во Брисел. Еден ден подоцна портпарол на ЕК објасни дека тоа се должело на ишијасот на Јункер.

Портпаролот претпоставките дека Јункер бил пијан во тој момент ги нарече „невкусни, навредливи, нечесни“. Тој појасни дека на вечерата болките на Јункер престанале и на неговите патувања неделава во Пекинг, Токио и Мадрид, претседателот на ЕК нема да биде придружуван од лекар.