Екстремистичка група најави дека нема да го почитува руско-турскиот договор за Идлиб

118

Екстремистичката група Хорас ел Дин (Чувари на религијата) соопшти дека нема да го почитува Договорот постигнат помеѓу Русија и Турција за воспоставување на демилитаризирани зони во сирискиот регион Идлиб, додавајќи оти нема да се повлече од тоа подрачје.

Хорас ел Дин наведува дека Договорот за воспоставување на зони до 15 октомври е „голем заговор“ и ги повика своите следбеници од целиот свет да дојдат во Сирија „да му помогнат на народот во Левант“.

Идлиб е последното големо упориште на бунтовниците во Сирија.

Хорас ел Дин е поврзана со Ал Каеда.