Експлозија на избирачко место во Пакистан, најмалку 28 убиени

85

Најмалку 28 луѓе загинаа во експлозија на бомба во близина на избирачко место во градот Квета во југозападениот дел од Пакистан.

Меѓу загинатите има и деца. Ранети се најмалку 40 луѓе, јави ДПА повикувајќи се на болнички извори.

Квета е главен град на провинцијата Балочистан, каде пред десетина дена во напад на бомбаш самоубиец загинаа повеќе од 150 луѓе на предизборен митинг.

Во Пакистан денеска се одржуваат парламентарни избори под силни безбедносни мерки.

Околу 106 милиони гласачи од 207 милиони жители имаат право да го дадат својот глас за избор на пратеници во идниот петгодишен состав на Парламентот.