Експлозија во близина на американската Амбасада во Пекинг

36

Експлозија одекна денеска во близина на американската Амбасада во Пекинг, јави ДПА, повикувајќи се на очевидци од местото на ицидентот.  

Фотографии објавени на Твитер покажуваат голем чад и полициски возила во близина на Амбасадата, што се наоѓа во североисточниот дел од Пекинг.

Полицијата не одговори веднаш на коментарите за инцидентот.

Според Радио Слободна Азија, експлодирана рачнo направена експлозивна направа пред, засега неидентификуван маж, да успее да ја префрли преку оградата.

Според „Мирор“ во инцидентот има повредени, а оштетено е и едно полициско возило.

Иако засега не е познато дали експлозија е поврзана со тероризам, американските амбасади често се цел на терористичко насилство, со десетици инциденти пријавени на американски дипломатски позиции низ светот во текот на изминатата деценија.

Најсмртоносните напади врз американските амбасади се случија на 7 август 1998 година, кога оперативци на Ал Каеда истовремено активираа автомобил-бомби пред американската Амбасада во главниот град на Кенија, Најроби и главниот град на Танзанија, Дар ес Салам. Во тие напади, организирани од Осама бин Ладен, загинаа 224 луѓе, од кои најголем дел (213) во експлозијата во Најроби.

Досега не се регистрирани какви било напади американските дипломатски претставништва во Кина.