Едно лице се заканува дека ќе се самоубие скокајќи од покривот на турскиот Парламент

59

Невработен Турчин, кој се качил на покривот на турскиот Парламент во Анкара, се заканува дека ќе се самоубие, објави турската телевизија НТВ.

Турчинот се качил на покривот на една од шестакатните згради на Парламентот, во која се наоѓа Одделот за односи со јавноста, како и канцеларии на некои пратеници.

Според информација на НТВ, мажот 20 денови се обидувал да добие термин за средба со турски пратеник. Се претпоставува дека невработеност е причина за неговата одлука да се обиде да си го одземе животот.

Во моментот полицијата се обидува да го убеди човекот да се симне од покривот. На местото на инцидентот се наоѓаат пожарникарски екипи. Еден од пратениците му понудил 8.000 долари, со цел тој да се откаже од намерата за самоубиство.