Една жена почина, а десетици беа затруени во престижен ресторан во Шпанија

349

Една жена почина, а десетици беа затруени во еден престижен ресторан во Валенсија.

Името на 46-годишната мајка не се соопштува, а нејзиниот сопруг и 12-годишното дете се исто така меѓу затруените.

Вкупно 29 лица се затруени, а заедничко за сите е што јаделе во престижниот ресторан РиФФ, кој има една ѕвезда на Мишелин и е раководен од познатиот готвач Бернд Кнолер.

– Со исклучок на жената која почина, останатите затруени поминаа полесно, претежно со повраќање, информираат од регионалната здравствена инспекција.

Жената починала во неделата, а властите откриле вкупно 75 лица, кои се јаделе во РиФФ од 13 до 16 февруари.

Од нив, 29 се пожалиле на дијареа или повраќање.

– Донесов решение да го затворам ресторанот додека не се разјаснат причините, изјави Бернд Кнолер.

Готвачот изрази сочувство до семејството на починатата и додаде дека досега не се откриени прекршоци извршени од РиФФ.