Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

92

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата вода.

Речиси еден милион тенкoклунести норци умреле од глад помеѓу летото 2015 и пролетта 2016 година, а нивните безживотни тела биле расфрлани по северозападниот брег на Северна Америка, од Калифорнија до Алјаска.

Научниците велат дека ја знаат причината – огромна струја на топла океанска вода што се појавила во североистокот на Тихиот Oкеан, а која се нарекува дамка, пренесе Си-eн-eн.

Повеќегодишниот силен морски топлотен бран почна во 2013 година и се засили во текот на летото 2015 година, поради силниот временски феномен наречен Ел Нињо, кој траеше до 2016 година.

Овој топлотен бран создаде дамка, или област на океанот широка 1.600 километри што беше потопла за три до шест Целзиусови степени.

Тие неколку степени повеќе предизвикаа хаос во морскиот екосистем.

Значително е намалено количеството на микроскопски алги со кои се хранат низа животни, од ракчиња до китови.

Од друга страна, се случи масовно цветање на штетни алги кои предизвикаа смрт на многу морски организми.

Друга дамка топла вода се појави на источниот брег на Нов Зеланд.

Дамката е толку голема што може да се забележи од вселената.