Европскиот парламент прифаќа одлагање на брегзит, но под одредени услови

169

Европскиот парламент ја поддржа предлог резолуцијата за брегзит со која се дозволува британскиот излез да се одложи, но исто така се нагласува дека во отсуство на договор, Британците и натаму ќе треба да ги почитуваат своите финансиски обврски кон Европската унија.

Со 544 гласови „за“ и 126 „против“ европратениците ја поддржаа предлог резолуцијата во која стои дека во интерес на Лондон и на Брисел е брегзит да се спроведе на уреден начин.

Во предлогот, парламентот поддржува одложување, но само ако се одржат општи избори, нов референдум, се отповика членoт 50 или пак доколку Британците го прифатат договорот за повлекување.