Европол предупредува на опасност од сајбер-криминал

109

Европската полициска агенција предупреди на можна зголемена појава на сајбер-криминал. Според Европол, се помасовната работа од дома или скратувањето на времето во изолација со крстарење по интернет, потенцијално ги отвора вратите на сајбер-криминалците.

Како што наведува агенцијата со седиште во Хаг, одделни членки, како Шпанија, веќе информирале за зачестени обиди за пристап на нелегални веб-страници со содржини кои прикажуваат сексуално искористување на деца.

Во услови на изолација и здодевност, расте интересот за трговија на такви материјали и некои земји бележат зголемен број на престапници кои се обидуваат да стапат во контакт со деца преку социјалните мрежи, се додава во извештајот.

Исто така се наведува дека сајбер криминалците на интернет покреваат лажни кампањи и ја користат ситуацијата поради коронавирусот за продажба на заштитни опреми, како маски и тестови.