Европол заплени 24 тони суров допинг-материјал

100

Европската полициска агенција Европол запленила 3,8 милиони нелегални супстанции за допинг и лажни лекови, а уапсила 234 лица во анти-допинг операција.

Интерпол, ЈРЦ, ОЛАФ и Светската анти-допинг агенција, заедно со 33 земји се приклучија на операцијата на Европол за шверц со допинг и лажни лекови.

– Една од главните цели на оваа операција беше да ги затвориме сите подземни лаборатории за производство. Од нив девет беа детектирани, а запленивме и речиси 24 тони суров стериод во прав – велат од Европол.

За време на акцијата беа фатени 17 организирани групи, беа затворени девет подземни лаборатории, беа отворени 839 судски процеси, а околу 1000 лица беа пријавени за производство, трговија или употреба на допинг.