Европејците до 2025 година ќе мора да рециклираат половина од отпадот

783

Европските домаќинства и стопанството ќе мора да рециклираат најмалку 55 отсто од својот комуналент отпад до 2025 година, предвидуваат поoстрите прописи усвоени од Европскиот парламент.

По 2025 година, целта за рециклирање ќе се зголемува за еден отсто годишно за до 2035 година да достигне 65 проценти.

Прописите се во рамки на директивата за унапредување на „зелените акредитиви“ на европската економија.

По гласањето во Европарламентот последниот збор за прифаќање на оваа одлука ќе ја има Советот на ЕУ.

Во 2014 година во ЕУ се регистрирани 2,5 милијарди тони отпад. Од тоа, една третина се од секторот градежништво, а само осум отсто од домаќинства.

Според податоците, Малта рециклира само осум отсто од отпадот, а Германија 66 проценти.

Пакетот прописи вклучува одредби за амбалажа и амбалажен отпад, депонии и фрлени возила, батерии и електричен и електронски отпад.

Предвидено е до 2035 година на депониите да завршува само 10 отсто од отпадот.