Европа не е подготвена за заминувањето на Меркел 

875

Годинава Европа ќе треба да научи да живее без германската канцеларка Ангела Меркел. Некои експерти сметаат дека дури и францускиот претседател Емануел Макрон, не е дораснат да ги пополни нејзините чевли, пренесува „Политико“. 

Меркел наесен заминува од нејзината канцеларија по 15 години, од кои десет беа на чело на Европската Унија. Опасноста од нејзиното заминување не е претставена преку тоа кој ќе ја наследи, туку поради вакуумот што би го создал нејзиното заминување. 

Коалицијата во Германија која наесен најверојатно ќе биде „црно-зелена“, ќе ги сочинува демохристијаните на Меркел (ЦДУ) и на баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) во сојуз со Зелените. На долгорочен план, ова е добра вест за Унијата, но на краткотраен, заминувањето на Меркел ќе создаде празнина која ниеден европски лидер нема да биде способен да ја пополни. 

Макрон секако би се обидел, но без Меркел, односно без способен лидер од Германија, тој најверојатно нема да успее во тоа. Макрон е многу поамбициозен, но и контроверзна фигура во Унијата.  

Ова е во спротивност со политичките вештини на германската канцеларка, кои беа  демонстрирани на крајот на минатата година. Под раководство на Меркел, претседателството на Германија со ЕУ беше во можност да се фокусира на економското закрепнување, со постигање на договор за историскиот фонд за обнова од 750 милијарди евра, на кој остро се спротивставија Унгарија и Полска.

Tаа исто така успеа да склучи трговски договор со Велика Британија и договор за инвестиции со Кина. Ако тоа не беше доволно, таа успеа да ги надгради климатските амбиции на ЕУ за намалување на штетните емисиите во 2030 година. 

Ќе можеше ли Макрон да ги посредува овие решенија сам? Апсолутно не, но без францускиот претседател, многу од овие идеи никогаш немаше да бидат родени. Фондот за обновување на „буџетот на еврозоната“ беше донесен во Елисејската палата, што беше најголем европски политички приоритет на Макрон по доаѓањето на функцијата во 2017 година.

Се разбира, брегзит, случувањата со американскиот претседател Доналд Трамп и ковид-пандемијата беа клучни, исто како и францускиот претседател, за влијанието и промените на гледиштата на Меркел. Но, канцеларката јасно виде дека треба да се направат посилни врски со јужниот дел на Европа, односно со Италија и Шпанија, како и со Франција.

Најголемиот страв на Макрон, дека наследникот на Меркел ќе се фокусира на внатрешната политика, е оправдан. Новиот германски лидер веројатно ќе биде позафатен со домашната политика и со управување на коалицијата отколку што беше Меркел. Покрај тоа, енергијата и вниманието на Макрон годинава во голема мера ќе бидат фокусирани на здравствената и економската криза во Франција.

Згора, кога новиот лидер на Германија ќе биде избран, ќе се наближат и претседателските избори во Франција, во пролетта 2022 година. Овие околности сугерираат дека Европа ќе биде неефективно водена во следните 12 до 15 месеци.