Европа и САД ја осудија одлуката на Турција за пренамена на Света Софија во џамија

352

Виски претставници од ЕУ и САД ја осудија одлуката на турските власти Света Софија повторно да стане џамија.

– Одлуката на турскиот Државен совет да поништи една од модерните одлуки на Турција и одлуката на претседателот Ердоган, споменикот да се даде под управа на Дирекцијата за верски прашања е за жалење – изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешни прашања, Жозеп Борел.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент Морган Ортагус синоќа изјави дека САД се разочарани со одлуката.

– Укажуваме на преземената обврска на турската Влада дека ќе гарантира пристап до Аја Софија за сите посетители и со нетрпение очекуваме да ги видиме нејзините планови за управување со објектот – истакна Ортагус.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера потпиша декрет со кој Света Софија повторно ќе биде џамија.