Европа добива прилика да го прекине политичкото пазарење за функции

105
Манфред Вебер

Гласањето за Европскиот парламент заврши, а сега почнува пазарењето за водечките позиции во Европската унија, пренесува „Фајненшл тајмс“. Унијата треба да постави нови претседатели на Европската комисија, Централната Банка и на Европскиот совет, како и нов Висок претставник за надворешни работи и за безбедносна политика. Сите функции се од витално значење, па затоа веќе не треба да бидат доделувани врз основа на задкулисни зделки во кои поважна е националноста отколку квалификациите.

Ваквата досегашна практика се должеше на тежнеењето на ЕУ за постигнување на урамнотеженост помеѓу националностите, регионите и партиите, како и половата еднаквост, при поделбата на функциите.

Вртелешката за водечките функции почнува со шефот на Европската комисија (ЕК), чие назначување е директно поврзано со одржаните Европски избори. Повеќето партии сметаат дека „водечкиот кандидат“ треба да биде назначен за нов прв човек на ЕК, при толкувањето на изборните резултати. Тоа се однесува на лидерот на Европската народна партија Манфред Вебер, но познавачите на состојбата сметаат дека неговото назначување не би било одраз на волјата на народот, како и дека отфрлањето на неговата кандидатура би претставувало прекин на практиката на политичко пазарење во ЕУ.