Ево Моралес во егзил обвинет за силување и трговија со луѓе

76

Боливиското Министерство за правда поднесе кривична пријава против поранешниот претседател Ево Моралес за наводно силување и трговија со луѓе.

Овој потег се случи откако во медиумите беа објавени фотографии од 60-годишниот Моралес со млада жена, која наводно тогаш била малолетна.

Поранешниот претседател на Боливија, кој е во егзил во Аргентина, сè уште не го коментираше обвинението, пренесува Би-би-си.

Моралес беше лидер на Боливија од 2006 до 2019 година, а по општите избори минатиот ноември ја напушти земјата.

Левичарскиот лидер поднесе оставка како претседател по протестите што ги доведе во прашање изборните резултати и моќта ја презеде привремената десничарска влада.

По заминувањето во егзил, Моралес е обвинет за неколку престапи.

Според обвинението, тој бил во врска со 19-годишна девојка додека таа била малолетна. Девојката наводно имала 14 години кога го придружувала Моралес на неговите патувања, пишува шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Заменик-министерот Гвидо Мелгар изјави дека фотографиите се земени од братучетка на девојката која ѝ ги испраќала додека била на патување со Моралес.