Евакуирано Малибу поради пожар во Калифорнија

37

Поради пожар кој изби во јужниот дел на Калифорнија наредена е евакуација на целото гратче Малибу, монденско летувалиште кое се наоѓа долж брегот.

Пожарот изби вчера северозападно од Лос Анџелес.

Малибу има околу 13.000 жители и се протега на 34 километри долж крајбрежјето.

Окружната пожарникарска служба на Лос Анџелес објави на Твитер дека огнот се приближува кон океанот и се заканува „неопсредна опасност“.

Претходно, полицијата од округот Бјут Каунти соошти дека е евакуирано и целото градче Парадиз, кое има 27.000 жители и се наоѓа на околу 300 километри североисточно од Сан Франциско.