Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

41

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз слободата на медиумите, изјави комесарката на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ.
        
Таа додаде дека случајот Асанж покренал прашања за заштитата на луѓето кои објавуваат доверливи информации од јавен интерес коишто откриваат кршење на човековите права. Мијатовиќ предупреди дека обемната и нејасна природа на наводите против Асанж, како и делата што се наведени во обвинението се проблематични, бидејќи многу од нив се однесуваат на активности во основата на истражувачкото новинарство во Европа и пошироко.
        
– Затоа, да се дозволи екстрадиција на Асанж врз оваа основа ќе има ужасен ефект врз слободата на медиумите и на крајот би можела да ги спречи медиумите да ја исполнат својата задача како даватели на информации и како некој што ги надгледува демократските општества – рече Мијатовиќ.
        
Таа изрази и загриженост за условите на притворот во САД, како и за казната што може да му се изрече на Асанж, затоа што доколку биде осуден, може да помине неколку децении во затвор.Асанж е во затвор во Лондон, каде ќе започне сослушувањето за екстрадиција следната недела.САД сакаат да го судат Асанж за заговор за хакирање на владини компјутери и за кршење на законот за шпионирање.