Дутерте: Ќе поднесам оставка ако многу жени ја потпишат петицијата против мене

174

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се бранеше од нападите откако бакнал мажена жена Филипинка во Јужна Кореја и нагласи дека ќе поднесе оставка доколку доволно жени ја потпишат петицијата со која се бара негова оставка.

Дутерте, кој за време на посетата на Јужна Кореја ја бакна во устата Филипинката која таму работи, рече дека со својот потег имал намера само да ја забавува публиката.

– Ако има доволно жени…Всушност, ако сите жени тука потпишат петиција да поднесам оставка, ќе поднесам – рече вчера Дутерте по враќањето од Јужна Кореја.

Социјалните мрежи се запалија по објавените фотографии и видео снимките на Дутерте кој на сцената бара од Филипинка да го бакне во устата за да ја добие неговата книга, на што таа се согласува.

Дутерте меѓу многу Филипинци ужива статус на рок ѕвезда, но со овој потег бројни женски здруженија останаа шокирани и го опишаа тој потег како „перверзен чин“.