Дупка со рекордна големина се отвора во озонската обвивка над Арктикот

217

Оваа ретка појава е резултат на ниски температури во атмосферата и се очекува да исчезне

Дупката во озонскиот слој над Арктикот, според научниците, е резултат на невообичаено ниски температури во атмосферата над Северниот Пол, пренесува „Гардијан“

Дупката, која била следена од вселената и од Земјата во текот на изминатите неколку дена, достигнала рекордни димензии, но не се очекува да не претставува никаква опасност за луѓето, освен ако не почне да се движи кон југ. Доколку се прошири на југ над населените места, како што е јужниот дел на Гренланд, луѓето би биле изложени на зголемен ризик од изгореници. Сепак, според тековните трендови, се очекува дупката потполно да исчезне за неколку недели.

Ниските температури во северните поларни подрачја доведоа до невообичаен стабилен поларен вител, а присуството на хемикалии од човечките активности што го уништуваат озонот, како што се хлорот и бромот во атмосферата, се причина за формирање на дупката.

– Дупката е главно геофизички куриозитет. Набудувавме необични динамични услови, кои го водат процесот на хемиско осиромашување на озонот. Овие динамики дозволија пониски температури и постабилен вител од вообичаениот на Арктикот, што потоа предизвика формирање на поларни стратосферски облаци и каталитичко уништување на озонот – рече Венсан-Анри Пеш, директор на сервисот на ЕУ за набљудување на атмосферата „Коперник“.

Дупката не е поврзана со пандемијата на ковид-19 како последица на која дојде до драстичнонамалување на загадувањето на воздухот и емисијата на стакленички гасови. Исто така, рано е да се каже дали невообичаено стабилните услови на арктичкиот поларен вртлог се поврзани со климатската криза или се дел од временските промени на стратосферата. Пеух додава дека нема директни импликации врз климатската криза.