Државна руска банка им помага на компаниите погодени од американските санкции

813

Руската групација Ренова на милијардерот Виктор Векселберг добила кредит од банката „Промсвјазбанк“ за да може полесно да се справи со санкциите кои САД ги воведоа против низа руски компании за наводно мешање во американските избори во 2016 година.

Американските власти замрзнаа средства на Ренова вредни меѓу 1,5 и 2 милијарди долари. Руското Министерство за финансии денеска најави дека вакви кредити ќе им бидат нудени и на други компании кои се соочуваат со проблеми поради американските санкции, како што е алуминиумскиот гигант Русал на Олег Дерипаска. Банката „Промсвјазбанк“ е под контрола на руската Централна банка.