Доналд Трамп пристигна во Брисел

68

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва допатува во Брисел, каде утре и задутре ќе присуствува на Самитот на НАТО.

На патот кон Брисел, Трамп преку Твитер одново побара од сојузниците од НАТО да ги зголемат буџетските средства наменети за одбраната.

– Многу земји од НАТО, кои би требало да ги браниме, не само што не ги почитуваат своите обврски од два отсто, кои и онака се малку, туку и со години не плаќаат. Ќе ги покријат ли тие трошоците на САД?- напиша Трамп на Твитер.

Трамп бара од членките на НАТО за потребите на одбраната да издвојуваат средства во висина од два отсто од своите БДП. Членките на Алијанста се обврзаа да започнат да издвојуваат по два отсто од своите БДП за одбраната до 2024 година.