Долината на реката Јангце се справува со последиците од незапаметените врнежи

62

Долината на реката Јангце е погодена од врнежи од дожд какви што не се паметат во последните 50 години и поплави во кои има бројни човечки жртви, вкупно 141 досега.

– Речиси целата територија на Кина е погодена од невремето, вклучувајќи ги и областите во западниот дел на земјата – Тибет и Ксинџијанг – рече заменик-министерот за вонредни ситуации Шенг Гугуанг.

Штетата е проценета на неколку стотици милиони долари, што ѝ нанесе нов удар на кинеската економија, која е во тешкотии поради пандемијата на коронавирус.

Провинцијата Хубеи, богата со реки и езера, беше особено погодена, но поплавите исто така сериозно ги загрозија градовите во централна и јужна Кина.

– Освен зголемувањето на нивото на најголемата азиска река Јангце, и другите реки и езера во Кина имаат зголемено ниво на вода – предупреди Шенг.