Договорот за климатските промени на самитот Г20 без САД

52

Земјите членки на Г20, без САД, постигнаа во Осака договор за климатските промени.

– Усвоен е документ за климата – наведе француското претседателство непосредно пред завршувањето на состанокот на самитот.

Со документот 19 земји ја потврдија поддршката за Парискиот договор од 2015 година за борбата против климатските промени. САД од овој договор се повлекоа во 2017 година.

Договорот беше постигнат утрово после долги преговори, дополнително орежнувајќи ги обидите на САД да ја блокираат декларација.

Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави дека текстот на декларацијата е сличен со ланскиот. Таа го поздрави договорот и најави дека некои лидери во Осака веќе навестиле подготвеност да ги зголемат напорите за намалување на емисиите на штетните гасови на нула до 2050 година, пренесе „АП“.