Детска порнографија пронајдена кај републикански сенатор

184

Републиканскиот сенатор Мајк Фолмер е обвинет и уапсен за поседување на детска
порнографија, пренесува „Индипендент“. Фолмер бил уапсен откако властите добиле
дојава од социјалните мрежи дека сенаторот на Пенсилванија сомнително се однесувал на Интернет.

При претресот на неговиот дом, детективите пронашле две непристојни слики на
малолетници во неговиот мобилен телефон. Порталот „Тамблр“ го пријавил случајот во
Националниот центар за изгубени и експлоатирани деца. Од порталот велат дека корисникот прикачил најмалку една слика со наводна сексуална злоупотреба на деца во декември 2017 година.

Мајкл Фолмер изјави дека се борел со лични проблеми и дека добил детска порнографија преку неговиот профил на „Тамблр“. Поради ваквото однесување, неговата партија ќе го отстрани од функцијата. Политичарот лани го доби четвртиот мандат во Сенатот. Фолмер се смета за еден од најконзервативните политичари и неодамна се противеше на законот за помош на жртвите од сексуална злоупотреба на деца, кои ги тужат институциите како Католичката црква.