Дете преживеа откако 40 минути беше затрупано од лавина

114

Властите во Француските Алпи соопштија дека 12 годишното дете е пронајдено живо откако 40 минути било затрупано под снежна лавина.

Француската полиција во градот Бур Сен Морис соопшти дека детето вчера скијало со своите родители надвор од патеката во ски ресортот Ла Плањ, кога го затрупало големо количество на снег, пренесе АП.

Тоа не носело на себе локатор со чија помош ќе можело брзо да биде лоцирано од страна на спасувачките екипи.

Но, куче-трагач што го донела полицијата го пронашла 40 минути подоцна.

– Навистина е чудо бидејќи тој немаше локатор. Шансите за преживување се никакви по 15 минути минати под снег – изјави еден од спасувачите.

Детето, кое помина само со скршена нога, е префрлено во болницата во Гренобл.