Дете мигрант почина во болница во САД

48

Шеснаесетгодишен мигрант без придружба од Гватемала почина во болница во сојузната американска држава Тексас, додека бил во притвор.

Момчето починало во вторникот откако неколку дена било на интензивна нега во детска болница, објавиле од американската канцеларија за здравство. Причината за смртта сè уште се истражува.

Се работи за нов смртен случај по смртта на две деца од Гватемала, кои починаа во декември минатата година. Американските власти предупредуваат дека ќе има уште трагедии поради зголемиот број на пристигнувања на мигранти, кои со себе носат и сериозни болести.

Белата куќа пред два дена побара од Конгресот уште 4,5 милијарди долари за да се справи со навалата на мигранти, при што 2,5 милијарди долари се обезбедени за сместување на деца и малолетници без придружба.