Десничарскиот претседател Дуда со победа на изборите во Полска

27

Актуелниот кандидат на Полска, Анджеј Дуда, победи на претседателските избори, покажуваат резултатите од 99,97 отсто од избирачките места. Оваа победа, како што наведува агенцијата „Ројтерс“, ќе им овозможи на владејачките националисти да ги продлабочат своите конзервативни реформи. Дуда, сојузник на владејачката партија, според податоците на Националната изборна комисија објавени во понеделникот, доби 51,2 отсто од гласовите.

Шефот на комисијата на прес-конференција изјави дека преостанатите гласови што треба да се пресметаат нема значително да го променат резултатот. Градоначалникот на Варшава, либералот Рафал Тшасковски, кој е кандидат на најголемата опозициска партија, центристичката Граѓанска платформа, доби 48,8 отсто од гласовите. Реизборот на Дуда е клучен за напорите на партијата Закон и правда да ги зацементира контроверзните судски реформи. ЕУ ги критикуваше реформите, велејќи дека тие ги политизираат судовите во земјата.