Десет жртви и повеќемина исчезнати, откако брод се преврте во Тајланд

212

Нуркачи ги пребарале остатоците од бродот со кинески туристи што потона во невремето во близина на тајландското летувалиште Пукет, по што 10 лица загинаа, а околу 45 се исчезнати, според „Лос Анџелес тајмс“

Девет тела биле извлечени и однесени во Пукет, каде што властите, претходно, ја потврдиле смртта на уште еден од туристите.

На бродот имало вкупно 105 луѓе, од кои 93 туристи, 11-члена посада и еден туристички водич, кога бил превртен од петметарските бранови, во несреќата која се случила синоќа. Најмалку 12 повредени патници се спасени, а медиумите објавија фотографии од нивното извлекување од морето, во гумени чамци. 

Претходно, уште еден брод се превртел во невремето, по што сите 42 лица кои се наоѓале на него, биле спасени.

Тајландските власти упатиле предупредување за невремето кое се очекувало, во пресрет на несреќата, а моментно размислуваат за воведување за забрана за пловење на бродови, поради силниот ветер и дождот.

Несреќата се случи додека во тек е спасувањето на 12-те деца и нивниот фудбалски тренер, од пештерата во Там Луанг.