Демонстрациите во име на Флојд не стивнуваат

222

Големи мирни протести против расизмот и полициската бруталност се одржаа низ САД во саботата, на 12-тиот ден од протестите предизвикани од смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува Би-би-си. 

Стотици луѓе маршираа во Вашингтон на досега најголемиот протест во историјата на градот. Безбедносните сили го блокираа секој пристап кон Белата куќа. 

Демонстранти се собраа во голем број градови низ САД, во Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско, но и насекаде во помалите рурални места на земјата. Протестите се проширија и во неколку други земји низ светот. Во меѓувреме, луѓето му оддадоа почит на Флојд во Северна Каролина, градот каде што е роден. 

Полицаецот виновен за смртта на Флојд, Дерек Шевин, беше разрешен и обвинет за убиство. Тројца други полицајци кои беа на местото на настанот исто така се разрешувани и обвинети за помагање и убиство од втор степен.

Големи анти-расистички демонстрации се одржаа и во голем број други земји. Во Велика Британија, центарот на Лондон беше исполнет со луѓе и покрај повиците на владата да избегнат масовни собири поради страв од ширење на коронавирусот.

Во Австралија се одржаа големи протести во Сиднеј, Мелбурн и Бризбејн, кои беа фокусирани на третманот на домородните Австралијанци. Демонстрации беа одржани и во Франција, Германија и Шпанија.