Демонстрантите во Бејрут бараат оставка и од претседателот на државата

63

Во Бејрут и денеска се собраа демонстранти поради катастрофалната експлозија во пристаништето, во кое има повеќе од 100 жртви.
Под притисок на јавноста, либанската влада вчера поднесе оставка, а демонстрантите денеска бараат од функцијата да отстапи и претседателот на државата, Мишел Аун.

Антивладините протести во Либан започнаа само неколку дена по експлозијата, а веќе првиот ден стотици беа повредени, додека еден полицаец беше убиен.