Дел од таванот на ресторан се сруши на аеродром во Атланта

53

Дел од таванот на ресторанот се сруши денеска на меѓународниот аеродром „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта поради што едно лице побара лекарска помош, соопштија официјални лица од аеродромот.

Несреќата се случила малку пред 8 часот во близина на еден од најблиските главни терминали за домашен сообраќај, се наведува во соопштението на аеродромот, пренесе АП.

Аеродромот не ја соопшти природата на повредите на лицето, но изјави дека тоа е пренесено во болница.

Поправките и истрагата за несреќата се во тек.

Уривањето на дел од таванот на ресторанот немал никаков ефект врз сообраќајот на аеродромот.