Декриминализирана хомосексуалноста во Индија

44

Врховниот суд на Индија денеска реши дека законот со кој хомосексуалноста се прогласува за „неприроден чин“ не е во согласност со Уставот, со што практично се декриминализираше хомосексуалноста.

Иако се работи за стар закон од колонијалното време, во 2013 година судот донесе одлука дека тој се уште е важечки. Денешната одлука на судот ја поништува одлуката од 2013 година, и поборниците за правата на хомосексуалците гласно го поздравија нејзиното изгласување на нивниот собир пред зградата на судот.

Според анкетите, земјата е поделена по ова прашање, при што градското население главно се согласува со легализирање на хомосексуалноста, додека во руралните средини граѓаните во голема мерка се против.