Деактивирана бомба од Втората светска војна во центарот на Франкфурт

57

Неексплодирана бомба од Втората светска војна, пронајдена за време на градежни работи во финансискиот центар на Франкфурт, успешно била деактивирана утрово.

– Сите блокади се отстранети – објавија пожарникарите.

Околу 16.000 луѓе беа евакуирани за време на операцијата за неутрализација на бомбата.