Фондацијата оформена за да му парира на Сорос го пронајде клучниот човек

225
Стив Банон

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини стана централна фигура на европската крајна десница, воглавно поради неговите политики поврзани со миграцијата, со што го привлече и вниманието на „Движењето“ на Стив Банон, чија цел е организирање на десничарска револуција во Европа, пишува „Форбс“.

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Банон, го смета Салвини за лидер на евроскептиците и ја означи Италија за „центар на политичкиот универзум, a европската држава е избрана и за седиште на неговиот експеримент „кој би можел да ја смени глобалната политика доколку успее“.

Фондацијата наречена „Движењето“ беше оформена со цел да му парира на „Отворено општество“ на мултимилијардерот Џорџ Сорос, односно за покренување „десничарска револуција“ во Европа. Претходно, Брисел беше избран за седиште на фондацијата што треба да им помага на десничарските партии, преку изработка на анкети, политички совети, овозможување на пристап до податоци, организирање на кампањи на социјалните мрежи, како и во изборот на кандидати.

Поранешниот директор на екстремно конзервативниот интернет-портал „Бреитбарт“, Банон, има амбиција да создаде широка коалиција на популисти во следниот состав на Европскиот парламент. Тој е близок со лидерката на француската десница Марин Ле Пен, Британецот Најџел Фараж и со други „алтернативни десничари“ во Европа. 

На претстојните избори за ЕП, во мај, се очекува успех на десничарските, популистички сили, со што се предвидува дека групата Европа на нациите и слободата (ЕНФ), во која се францускиот Национален фронт на Марин Ле Пен и италијанската Лига на Матео Салвини, ќе освои 60 места.

Стив Банон го смета Матео Салвини за лидер на евроскептиците