Две жртви и многу повредени во пукање во германскиот град Сарбрукен

1134

Две лица се убиени и многумина се тешко повредени откако маж отворил оган во германскиот град Сарбрукен, јавија германските медиуми повикувајќи се на локалната полиција.

Инцидентот се случил попладнево во квартот Фехинген, а извршителот бил уапсен на лице место.

Претставник на полицијата изјави дека инцидентот бил поврзан со семејно прашање.

Мажот испукал многу куршуми во и околу куќата, а мотивите за нападот се уште не се познати.