Два патнички авиона се судрија на аеродром во САД

209

Два авиона се судрија викендов на меѓународниот аеродром Сан Антонио во Тексас, јавија американските медиуми.

Екипите за итни случаи реагирале откако еден авион удрил во друг што бил паркиран.
Во инцидентот не се пријавени повредени, но дошло до минимално истекување на гориво кај еден од авионите.

Пријавени биле и одложувања на на неколку летови, јавија локалните медиуми.