Двајца Руси обвинети за хакерски напади во САД

56

Во САД денеска е поведено обвинение против двајца Руси во врска со заговор за илегално стекнување пари и имот преку инсталирање софтвери со вируси на повеќе компјутери.

Според обвиненеито, Максим Јакубец бил лидер на група хакери, а неговиот близок соработник Игор Турашов извршувал разни функции поврзани со заговорот, кој наводно почнал во ноември 2011 година, пренесе агенцијата „Ројтерс“.