Дали Џон Болтон е најопасниот човек на светот?

1422

Националниот советник за безбедност Џон Болтон сака САД да влезат во војна со Иран. Оваа констатација е точна, поради фактот што тој ова го кажува веќе две декади, констатира колумнистот на „Гардијан“, Бен Армбрстер

Сè што администрацијата на Доналд Трамп направи во однос на политиките кон Иран, поточно откако Џон Болтон стана прв советник на американскиот претседател за надворешни прашања, во април 2018 година, мора да се гледа преку негова преспектива, вклучувајќи ги и алармантното однесување на американската војска на Блискиот Исток во изминатите две недели.

Само еден месец откако ја презема функцијата, Болтон му го даде последниот кураж на Трамп за да се повлече од нуклеарниот договор со Иран, кој во тоа време (но и моментално) успешно ја држеше нуклеарната програма на земјата и ги блокираше сите можни патишта за тие да создадат нуклеарно оружје. Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЗСПА) или едноставно нуклеарниот договор со Иран, беше последната пречка за исполнување на желбата на Болтон за промена на режимот во земјата преку војна, бидејќи ја елиминираше причината со која пред 17 години се оправдуваше воената интервенција на САД во Ирак.

Од отстапувањето на договорот, администрацијата на Трамп тврдеше дека со кампањата за „максимален притисок“ врз Иран, може да се оствари подобар договор кој „магично“ ќе го претвори Иран во перфектна демократија, која се потчинува на секоја американска желба. Но, ова отсекогаш било лош аргумент, кој треба да ја прикрие главната цел (промена на режимот) и да обезбеди покритие за постепени чекори како што се силните санкции, агресивна реторика насочена кон војна и антагонизирачки воени маневри. Сето ова ги носи САД се поблиску до војна со Иран, уште од времето на владеењто на Џорџ В. Буш, но можеби и било кога во нивната историја.

– Болтон не се сомнева во неговите манипулации и во целосното игнорирање на информациите на службите во однос на неговата агенда, што се случува во моментов – потенцира Армбрстер.

Во неговата изјава од Белата куќа од пред десетина дена и најавата дека американскиот воен брод ќе се пренасочи кон Блискиот Исток, Болтон посочи голем број на проблематични и ескалирачки индикации за Иран, со цел да го оправда засиленото присуство на американската армија. Но, повеќе различни извори рекоа дека Трамп и Болтон претеруваат и ја преувеличуваат заканата. Дури и еден британски генерал кој работи во регионот, неделава изјави дека нема конкретни докази за зголемени закани од Иран.

– Она што уште повеќе загрижува е фактот што Болтон знае што прави. Тој е искусен бирократ кој има способност да притисне за да го добие она што го сака. Исто така, зад него има долг историјат од искористување на овие способности за да ја поткопа американската дипломатија и да работи кон прекинување на различни видови билатерални договори за контрола на оружје – констатира колумнистот на „Гардијан“. 

Како висок функционер во владата на Џорџ В. Буш, тој одигра клучна улога во прекинувањето на договорот за контрола на нулеарната програма на Северна Кореја од времето на Бил Клинтон (четири години подоцна, Севернокорејците ја тестираа својата прва ракета).

Тој рече дека се чувствувал „како дете на Божиќ“ откако ги повлече САД од меѓународниот криминален суд во 2002 година. И сега, како висок претставник во администрацијата на Трамп, тој притисна за повлекување на САД од нуклеарниот договор со Иран и претходно со Русија.

И додека е нејасно колкава беше неговата улога при преговорите на Трамп со Ким Јонг-ун во Ханој минатата година, тој јавно повика за имплементација на „либискиот модел“ со Северна Кореја (со други зборови, промена на режим со војна). Експертите сметаат дека Болтон воопшто не се грижел за последиците од војна со Северна Кореја, а во времето на администрацијата на Буш, тој воопшто не изгледал загрижен на една презентација за можните катастофални последици од војната.

– Јас не војувам, јас сум политичар – изјави тогаш Болтон.

Досега, Болтон успешно ги движи САД кон неговите посакувани цели за Иран. Можниот успехот во убедувањето на Пентагон да испрати 120 илјади војници во региот, за да се соочат со Иран, е некаква индикација. Од друга страна, има неколку знаци во насока дека може да се избегне војна, по реакцијата на неколку високи американски преставници и неколку европски сојузници на САД, кои се чини дека сфатија кои се намерите на Болтон, и го вклучија алармот за можните искривувања на вистината за заканите од Иран.

– Болтон делува брзо, како да знае дека времето на Трамп како претседател на САД е ограничено. Суштинското прашање, на крајот од приказната, е дали претседателот ќе може да ги послуша своите инстинкти да избегнува нови воени конфликти, или ќе се согласи со човекот кој го притиска во ќош, за војна со Иран како единствен излез од незавидната положба – завршува Армбрстер.