Гутереш: Сирија мора да одговори на прашањата за хемиско оружје

310

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш истакна дека Сирија не одговорила на прашањата на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) за нејзината програма за хемиско оружје и оцени дека тоа продолжува да буди „длабока загриженост”.

Тој посочи дека сириската влада одговорила на некои од покренатите од ОПЦВ прашања, но „други, за жал, остануваат неодговорени”.

Гутереш тоа го наведе во писмо до Советот за безбедност на ОН, заедно со последниот извештај на ОПЦВ.

Во писмото Гутереш истакнува дека „многу вознемирувачките обвинувања” за употреба на хемиско оружје во предградието на Дамаск, Дума на 7 април, ја покажале потребата од нов орган кој ќе ја утврдува одговорноста при хемиски напади.