Гутереш апелира да се избегне „крвопролевање“ во Идлиб

11

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш апелираше до сите страни кои се директно и индиректно вклучени во конфликтот во Сирија, посебно Иран, Русија и Турција, да ги заштитат цивилите и да избегнат „крвопролевање“ во последниот голем бастион на бунтовниците, Идлиб.

Тој додаде дека тотален судир во Идлиб „би довел хуманитарен кошмар каков што се уште не е виден во крвавиот сириски конфликт“.

Гутереш рече дека е јасно оти „сегашната ситуација во Идлиб не е оджлива и дека присуството на терористички групи не може да се толерира“ но оти е особено важно Иран, Русија и Сирија „да најдат начин да ги изолираат терористичките групи и создадат ситуација во која цивилите нема да ја платат цената за решавање на проблемите во Идлиб“.

Во меѓувреме, американската амбасадорка во ОН Ники Хејли го обвини сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници Русија и Иран дека го „уништиле“ последното големо упориште на бунтовниците во Идлиб. Таа повторно го предупреди Асад и неговите сојузници дека САД ќе го сметаат секој напад на Идлиб „безобѕирен“ и оти последиците од него би биле многу тешки.