Гувернерот на Ломбардија е ставен во карантин

93

Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, Атилио Фонтана, изјави дека ќе биде ставен во карантин две недели откако било утврдено дека неговиот помошник е позитивен на новиот коронавирус, пренесува „Би-би-си“. 

Фонтана ова го објави во видео порака на Фејсбук. Ломбардија е жариште на ширењето на коронавирусот во Италија. Во земјата се пријавени 400 случаи на коронавирус, што е најголем број на заразени во Европа.