Гувернерот на Бејрут заплака додека даваше изјава за експлозијата

220

Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, заплака додека даваше изјава за експлозијата во главниот град на Либан во која според последните информации загинаа најмалку 25 лица, а 2.500 се повредени.

Абуд кажа дека сцената во Бејрут го потсетила на Хирошима и Нагасаки.

– Не знаеме дали експлозијата била предизвикана од пожар. Имаше пожар. Пожарникарите дојдоа да го изгаснат, тогаш експлозијата се случи и тие исчезнаа. Ги бараме нив. Ова е национална катастрофа – рече тој.

Причината за експлозијата сè уште не е позната.

Си-ен-ен јави дека експлозијата се почувствувала на 240 километри оддалеченост од Бејрут. Според Европскиот сеизмолошки центар, експлозијата се почувствувала дури во Кипар.